Хибридното Fiat Tipo пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридното Fiat Tipo пристигна во Македонија

Fiat ја засилува електрификацијата со хибридната изведба на Tipo која деновиве пристигна во Македонија!

Новиот хибриден погон на Tipo комбинира 1.5-литарски Firefly бензинец кој испорачува 130 коњски сили со 48-волтен BSG електромотор кој испорачува дополнителни 20 коњски сили и 55 Nm вртежен момент. Хибридниот погон ја испорачува силата кон предните тркала преку нов 7-брзински менувач со двојна спојка.

Хибридниот погон му овозможува на Tipo да стартува, маневрира и да паркираат на струја. Според WLTP мерењата кои ги сподели Fiat, дури 47% од возењето во комбинираниот циклус можат да бидат на струја, односно дури 62% од возењето низ град може да биде на струја.

Сето ова е придружено и од сосем задоволителни перформанси. Tipo Hybrid забрзува до 100 километри на час за 9 секунди, што го прави најдинамична изведба во досегашната понуда. Истовремено, забележуваме и интересен технолошки скок – покрај одличниот 7-брзински менувач со двојна спојка, кај Tipo Hybrid добиваме и нов мултимедијален DAB дигитален аудио уред со Android Auto и Apple CarPlay поврзувањe, дневни светла со LED технологија, автоматски клима уред…

Хибридниот италијански хечбек веќе е изложен во салонот нa Fiat во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.