Утринска Гимнастика: Скот Спид го заузди змејот со реликрос монструм – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Скот Спид го заузди змејот со реликрос монструм

Ред Бул претстави фантастично видео за сите љубители на асфалтните рели етапи, збогатено со иконскиот звук на боксерскиот мотор.

Поранешниот Формула 1 возач Скот Спид објави ново видео во кое прикажува импресивни возачки вештини на едно од најпознатите планински патишта во САД, наречен Опашката на Змејот.

Познатата делница се наоѓа на планините во Тенеси и опфаќа 318 свиоци во само 17 километри. Главниот инструмент на Скот во видеото е неговото специјално подготвено рели-крос чудовиште, базирано на Subaru WRX STI и обоено во легендарната сина боја со големо жолто лого на брендот.

Погледнете го видеото и уживајте во него!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.