full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi e-tron станува Q8 e-tron, добива освежување и поголема автономија

Големиот електричен SUV добива ново име со цел полесно и подобро да се позиционира во понудата на Audi.

Audi ја користи ознаката e-tron за своите електрични модели, па кај купувачите се јавуваше конфузија поради моделот кој се викаше само e-tron. Затоа, со освежувањето на електричниот SUV, Audi му додаде име кое малку подобро се вклопува во познатата номенклатура на германскиот бренд и истовремено го позиционира Q8 e-tron на самиот врв на понудата.

Detail

Секако, новата ознака се однесува како на „конвенционалниот“ Q8 e-tron, така и на купеовскиот Q8 e-tron Sportback и со тоа целосно се интегрира во постоечкото именување на брендот.

Инаку, со освежувањето големиот електричен SUV добива и зголемена автономија, а тоа се должи на неколку различни нешта. Прво, подобрена е аеродинамиката. Активните аеро-компоненти и ситните подобрувања на формата на големите SUV модели придонесува коефициентот на отпорот на воздух да падне на 0.26 за Q8 e-tron, односно импресивни 0.24 за Q8 e-tron Sportback. Понатаму, сите изведби добиваат и поголеми батерии – батеријата на „основниот“ Q8 50 e-tron расте од 69 kWh на 89 kWh, додека кај Q8 55 e-tron батеријата расте од 86 kWh на 106 kWh.

Кај моделите со ознаката 50 тоа значи скок од 341 км на 491 за Q8 e-tron, односно на 505 за Q8 e-tron Sportback. Кај моделите со ознака 55 (кои имаат и два електромотори) тоа значи автономија од 582 километри за Q8 e-tron, односно 600 километри за Q8 e-tron Sportback. Кај најмоќниот модел во понудата – SQ8 e-tron – кој користи три електромотори, максималната автономиоја е 494 километри за SQ8 e-tron, односно 513 километри за SQ8 e-tron Sportback.

Инаку, Q8 e-tron и Q8 e-tron Sportback ќе ги препознаете по дискретно редизајнираниот лик со нова предна маска, поголеми отвори за воздух и редизајниран заден дифузер. Измените се суптилни, но доволни за редизајнираниот електричен SUV да биде свеж и подобро да се интегрира во понудата на електрични SUV модели на Audi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.