full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат – бензините за 1.5 односно 2 денари, дизелот за половина денар

Цените на горивата се зголемуваат и се многу блиску до целосно израмнување.

Согласно методологијата за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата поскапуваат во просек за 0.62%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.5 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 94.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2.00 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 96.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари и еден литар дизел од вечерва ќе чини 98.50 денари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.