full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi RS3 Performance има 407 коњски сили и достигнува 300 километри на час!

Audi ја претстави Performance изведбата на хипер-хечбекот RS3 – која има дискретно надграден мотор и може да достигне импресивни 300 километри на час!

Германскиот производител објави дека RS3 Performance ќе биде произведен во само 300 примероци. Исто како и „обичниот“ RS3, и Performance верзијата го користи 2.5-литарскиот турбо-бензинец со пет цилиндри, но тука е надграден да испорачува 407 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Измените не се драстични – притисокот на турбополначот е зголемен за 0.1 бар и малку е изменет издувниот систем.

Не знаеме како ова влијае на забрзувањето бидејќи Audi не објавува бројки околу тоа – но RS3 веќе забрзува „до стотка“ за само 3.8 секунди. Она кое Audi го потврди е дека RS Performance достигнува максимална брзина од 300 километри на час, додека регуларниот RS3 е електронски ограничен на 250 километри на час.

Покрај дискретно доработениот мотор, RS3 Performance добива и нови адаптивни амортизери и специјални 19-инчни тркала во мат сива боја, обвиени во спортски Pirelli P Zero Trofeo R пневматици, црн заден дифузер и црни ознаки.

На купувачите ќе им бидат достапни Nogaro Blue, Daytona Gray, Arrow Gray, Sebring Black, Sebring Black Crystal и Glacier White бои. Ние би избрале Daytona Grey или Arrow Grey.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.