RS Q3 Edition 10 Years е славенички SUV од Audi кој ќе биде произведен во само 555 примероци – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RS Q3 Edition 10 Years е славенички SUV од Audi кој ќе биде произведен во само 555 примероци

Audi слави 10 години од првата верзија на моќниот SUV со високи перформанси преку новиот RS Q3 Edition 10 Years.

RS Q3 Edition 10 Years ќе биде произведен во само 555 примероци и само кај оваа изведба ќе биде достапна специјалната Chronos Grey сива боја. Дополнително, купувачите ќе добијат и специјални 21-инчни тркала со нов дизајн, обвиени во спортски пневматици. Задолжени за сопирање на роденденскиот SUV се 19-инчни карбон-керамички сопирачки, како и помоќни шепи офарбани во Antracite Grey сива боја.

Покрај тоа, славеничкиот SUV добива и затемнети Matrix LED предни светла, црни капаци на страничните ретровизори, црни декоративни елементи околу целиот автомобил (како и црни значки) и уште грст други детали.

Кабината добива специјални спортски седишта делумно изработени од карбон и обвиени во комбинација од кожа и Dinamica микрофибер. Забележуваме и контрастни бронзени шевови, како и карбонски детали низ кабината.

Погонот останува ист – но воопшто не е за потценување. Под предниот поклопец се наоѓа 2.5-литарскиот турбо-бензинец со 5 цилиндри кој преку Quattro погонот кон сите четири тркала испорачува 400 коњски сили и 480 Nm вртежен момент – доволни за катапултурање до 100 километри на час за само 4.5 секунди, како и (електронски-ограничена) максимална брзина од 250 километри на час.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.