Mercedes-AMG утре ќе го претстави електрифицираниот C63 E Performance – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG утре ќе го претстави електрифицираниот C63 E Performance

Mercedes-AMG утре ќе ја претстави својата нова интерпретација за врвна C-класа – која благодарение на плаг-ин хибриден погон ќе има повеќе од 600 коњски сили!

Новиот Mercedes-AMG C63 најверојатно ќе го носи суфискот E Performance. Веќе знаеме дека новиот мега-седан на AMG-дивизијата ќе носи плаг-ин хибриден погон, но не ја знаеме неговата целосна ознака.

Сепак, знаеме дека хибридниот погон ќе испорачува 670 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Ова е комбинација од 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој има и 48-волтен благ хибриден систем и електричен турбополнач, како и задно-поставен електромотор. Турбо-бензинецот ќе испорачува 470 коњски сили, додека електромоторот ќе придонесува дополнителни 201 коњска сила кон задните тркала. Сето тоа ќе се пренесува кон сите тркала преку 4Matic+ систем за погон на сите четири тркала и 9-брзински автоматски менувач.

Перформансите би требало да се импресивни, со оглед на системската моќност на погонот. Останува да се стрпиме до утре кога и официјално ќе ја видиме новата Mercedes-AMG C 63.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.