Први фотографии од електричниот Jeep Avenger кој пристигнува во Европа следната година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од електричниот Jeep Avenger кој пристигнува во Европа следната година!

Jeep ќе понуди нов електричен теренец следната година – Avenger ќе биде најмалиот модел во понудата на американскиот бренд и ќе биде целосно електричен!

Jeep најави дека ќе претстави четири нови електрични возила, а првиот (и воедно најмалиот) е новиот Avenger кој ќе пристигне во Европа следната година. Малиот електричен теренец на Jeep ќе биде еден од првите модели кој ќе ја користи STLA платформата на Stellantis. Според најавите кои пристигнаа од Jeep, сите возила кои ќе се продаваат од 2030 ќе бидат на некој начин електрифицирани.

Avenger ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Тиши, Полска, каде се произведуваат и возила за Fiat, Alfa Romeo, Abarth и Lancia. Според некои гласини, во истата фабрика ќе се произведуваат и мали електрични SUV модели на Fiat и Alfa Romeo.

„Новиот Avenger ќе ги понуди можностите на брендот Jeep, во модел кој е соодветно-димензиониран за европскиот пазар“  – изјави Antonella Bruno, која е на чело на Jeep Europe во рамките на Stellantis, и додаде дека „Avenger е модерен, забавен и емотивен SUV кој ќе биде привлечен на растечкиот број на купувачи кои бараат способна, компактна, модерна и целосно-електрична алтернатива од Jeep за моменталните играчи.“

Од Jeep најавуваат дека Avenger ќе има сериозни теренски способности благодарение на „импресивна“ оддалеченост од подлогата, а најавуваат и автомија на електрична енергија од 400 километри. Најмалиот SUV на Jeep (помал и од Renegade) ќе има супер-современа кабина со сите најнови технологии и одлична просторна понуда. Сега за сега нема никакви информации околу погонот, но пристигнаа информации од колегите од Autocar кои најавуваат дека Avenger ќе се нуди со еден или два електромотори кои испорачуваат по 95 коњски сили, а најавуваат дека можна е и хибридна верзија.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Wagoneer S е најбрзиот Jeep досега!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.