Мотоцентар станува увозник за спортските фелни Japan Racing! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар станува увозник за спортските фелни Japan Racing!

Нашите пријатели од Мотоцентар носат уште еден новитет на македонскиот пазар – одличните спортски фелни од гамата на Japan Racing!

За фановите на тјунингот и персонализирањето на автомобилите – Мотоцентар воведува уште еден новитет. Спортските фелни од понудата на Japan Racing се веќе достапни во сите продажни центри на Мотоцентар низ Македонија.

Во својата понуда Japan Racing има тјунерски тркала, наменети покрај одличниот изглед да понудат и подобри перформанси – а тука ќе ги истакнеме одличните нови SL (Super Light) тркала достапни во димензии од 17 до 20 инчи. За фановите на теренци и SUV модели, тука е JR-X серијата на модели наменети токму за возилата со теренски амбиции.

Од Мотоцентар ни кажуваат дека веќе се пристигнати неколку различни модели во неколку различни димензии, а понатаму понудата уште повеќе ќе се зголемува – како со модели и димензии, така и со различни бои кои Japan Racing ги имаат во својата понуда. Секако, тука е и можноста за нарачување на модели во саканата конфигурација.

За повеќе информации, посетете некој од продажните салони на Мотоцентар.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.