full screen background image
Search

Kia и Hyundai ќе користат навигација од TomTom

TomTom системот за навигација ќе се користи во сите возила на Kia и Hyundai кои ќе се продаваат во Европа.

Луксузниот бренд Genesis кој е во рамките на Hyundai Motor Corporation веќе користи систем за навигација од TomTom, па одличните искуства како и целата гама на корисни додатоци кои доаѓаат со TomTom системите се мотивацијата позади оваа одлука.

Според Hyundai Motor Corporation, навигацијата ќе работи во соработка со системите за асистенција кои се вградуваат во возилата на Kia и Hyundai и ќе овозможат поквалитетно мапирање на патиштата со попрецизни координати, нагорнини и удолнини, како и попрецизно информирање околу ограничувањето на брзините.

Секако, покрај TomTom навигацијата, возилата на Hyundai и Kia ќе доаѓаат со можност за поврзување со Android Auto и Apple CarPlay – а нашите паметни телефони веќе имаат одлични апликации за навигација во форма на Google Maps и Apple Maps.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.