Јужна Австралија воведува посебна возачка дозвола за возење супер-автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Јужна Австралија воведува посебна возачка дозвола за возење супер-автомобили!

Премиерот на Јужна Австралија најави дека австралиската држава планира да воведе посебни возачки дозволи за возачите на моќни супер-автомобили.

Во соопштение за медиумите, канцеларијата на Премиерот на Јужна Австралија (една од шесте сојузни држави на Австралија) објави дека наскоро ќе биде предложена и донесена легислатива „посебна програма за возачки дозволи за возачи кои сакаат да возат елитни супер-спортски автомобили со голема моќност.“ Според најавеното, за да се добие оваа дозвола сопствениците ќе „мораат да исполнат услови од специфичен тренинг и други побарувања, слично како дозволите за моторцикли и камиони.“

Иницијативата за ваквата легислатива доаѓа по сообраќајна несреќа во која животот го изгуби една девојка удрена од возач кој возел Lamborghini супер-автомобил. Оваа случка беше мотивација за да се донесе ваква легислатива, која се очекува да биде ставена на гласање пред крајот на оваа година.

Peter Malinauskas, премиерот на Јужна Австралија во изјава за медиумите кажа дека „Елитен автомобил со голема моќност, како Lamborghini, бара висок степен на возачка компетенција – и тоа треба да биде проверено пред воопшто да се случи купувањето и возењето на таков автомобил. Како влада, ни се допаѓа дополнителната дозвола за управување такви возила, за да бидеме сигурни дека ги имаат потребните можности и знаења за управување таков автомобил на начин кој нема да ја загрози безбедноста на другите корисници на патиштата или пешаците на патиштата низ Јужна Австралија.

Ваквата одлука е интересна и не можеме да кажеме дека не ни се допаѓа. Иако многу производители нудат свои обуки, а постојат и многу едукативни центри кои нудат обуки за возење моќни автомобили – сепак многу често се случува зад воланот да седне некој со ограничено искуство и последиците од тоа можат да бидат – како во случајот во Јужна Австралија – фатални.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.