По вчерашното зголемување на цената, од вечерва на полноќ дизелот повторно ќе поскапи – и повторно се наближува до границата од 100 денари за литар.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените која ја користи РКЕ, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.91%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 не се менуваат, па овие горива и понатаму ќе чинат 89.00, односно 91.50 денари.
Слична беше ситуацијата и вчера, кога цената на бензините остана непроменета, но цената на дизелот се зголеми за 3 денари. Денес, РКЕ објави дека од вечерва на полноќ цената на дизелот повторно ќе се зголеми, и тоа за 2.5 денари. Со тоа, цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото од вечерва ќе биде 98.50 денари за литар.