Gunther Werks Project Tornado е спектакуларна, 700-коњска реинтерпретација на 911 од генерацијата 993! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Gunther Werks Project Tornado е спектакуларна, 700-коњска реинтерпретација на 911 од генерацијата 993!

Задно-поставениот, воздушно-ладен 4-литарски боксер поставен во задниот дел на Project Tornado е значително преработен за да испорачува 600 или 700 коњски сили, како и повеќе од 750 Nm вртежен момент!

Експертите од Gunther Werks го покажаа новиот Project Tornado – базиран на темелно преработен 993 Turbo. Project Tornado добива ултра-широка каросерија изработена од карбон (секако), благодарение на што тежината е намалена за цели 227 килограми – па новиот автомобил тежи околу 1225 килограми. Секако, екстремниот аеро пакет ги подобрува и перформансите преку зголемување на потисната сила.

Како што напоменавме, сите панели (освен вратите) се направени од карбон. Забележуваме целосно-преработена каросерија, со нов преден и нов заден дел – и задниот дел е особено агресивен, бидејќи влече инспирација од легендарната Carrrera GT.

Секако, тука се и спектакуларните карбонски тркала и темелно-редизајнираниот ентериер каде сè е обвиено во алкантарар или карбон. Забележуваме и спектакуларни спортски седишта, а од Gunter Werks напоменуваат дека седиштата ќе бидат засебно-прилагодени за секој сопственик.

Секако, многу, многу внимание е посветено и на 4-литарскиот воздушно-ладен твин-турбо 6-цилиндерски боксер кој е изработен во соработка со Rothsport Racing. Моторот сега испорачува 610 коњски сили во стандардната конфигурација, односно 710 коњски сили кога е во конфигурација за тркачка патека.

Во двете конфигурации испорачува и 760 Nm вртежен момент. Силата ја испорачува кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач.

Можеме да сонуваме дека еден ден ќе го возиме Project Tornado, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.