ПРЕМИЕРА: Bugatti W16 Mistral е кабриолет со 1600 коњски сили кој ќе биде произведен во само 99 примероци – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Bugatti W16 Mistral е кабриолет со 1600 коњски сили кој ќе биде произведен во само 99 примероци

Mistral е првиот автомобил на Bugatti кој дебитира откако францускиот бренд е дел од Bugatti-Rimac – чини 5 милиони долар и ќе бидат произведени само 99 примероци.

Секако, Mistral е базиран на Chiron, а го дели погонот со Chiron Super Sport и рекордерскиот Super Sport 300+ кој надмина максимална брзина од 300 милји на час, односно 490 километри на час. Тоа значи дека огромниот 8-литарски квад-турбо W16 кон сите четири тркала испорачува 1600 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент.

На предниот дел доминираат огромниот пред отвор за воздух во форма на потковица и големите странични отвори за воздух кои се наменети за подобро ладење. Светлосните елементи се комбинација од вертикално куќиште и тенки хоризонтални LED светла. Задниот дел влече инспирација од Divo и Bolide, со светлосен елемент во нагласена X-форма.

Кабината презема детали од Chiron – а тоа значи врвни материјали, беспрекорна завршна обработка и ненадминат луксуз. Двобојната комбинација ќе може да се прилагоди по желбите на купувачите, секако, а целиот автомобил едноставно зрачи со ексклузивност и престиж.

Инаку, ова е последниот Bugatti кој ќе го користи легендарниот W16 погон кој за прв пат го видовме во Veyron. Пред презентацијата на Mistral, самиот Мате Римац кажа дека ова е последниот автомобил од неговиот вид пред Bugatti да се префрли кон хибридни погони. Истовремено, Мате поврди дека автомобилот им бил покажан на сопственитиците на Bugatti возила и дека сите 99 примероци се веќе распродадени.

Првите примероци на Mistral ќе бидат испорачани кон среќните сопственити на почетокот на 2024.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.