Со најновата рекалкулација на цените на горивата, малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат за 0.46%.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 91.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари за литар, па еден литар дизел гориво ќе чини 93.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.