full screen background image
Search

Објавено е новото шоу на Џејмс Меј – Our Man in Italy

Бавниот Капетан, кој беше дел од најпопуларното трио водители на славната Британска автомобилска емисија Top Gear го претстави неговото најново телевизиско шоу, наречено Our Man in Italy.

Целата сезона од шест епизоди е објавена на Amazon Prime на 15ти Јули, а концептот на емисијата е замислен така да Џејмс Меј ја истражи и искуси Италијанската култура и нејзините предели.

Секако, покрај секојдневните најтипични работи од Италијанската култура, неизбежен и многу важен дел се и нејзините автомобили, а најпосакувана дестинација на секој ентузијаст е фабриката на Ferrari.

Погледнете ги најавните видеа и доколку имате можност уживајте во целото шоу на Џејмс Меј!

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.