ПРЕМИЕРА: Hyundai N Vision 74 – Cyberpunk 2077 во 2022! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai N Vision 74 – Cyberpunk 2077 во 2022!

Hyundai го претстави и N Vision 74 – инспириран од Hyundai Pony Coupe, концептен автомобил дизајниран од Giorgetto Giugiaro, новиот концепт нас ни изгледа како да доаѓа директно од Cyberpunk 2077!

Според Hyundai, концептот е многу повеќе од дизајнерска егзебиција, туку директно прикажува напредни технологии кои инженерите сакаат да ги трансформираат од научна фантастика во реалноста. Концептот е придвижуван од хибриден водороден погон кон комбинира електромотор и батерии со водородна горивна ќелија.

Дали е ова иднината на транспортот? Од Hyundai кажуваат дека токму оваа конфигурација овозможува врвна ефикасност на ладење, но и два различни погонски системи во зависност од достапните услови.

Вкупната системска моќност е 680 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, како и максимална брзина од 250 километри на час.

Што значи тоа во реалноста? Па сега за сега, од Hyundai не откриваат многу, но кажуваат дека системот овозможува одлично насочување (векторирање) на вртежниот момент за подобра тракција и подобри „искуства во свиоци“. Дали тоа значи дрифт? Можеби.

Според Hyundai, дополнувањето водород трае само 5 минути, а батеријата со капацитет од 62.4 kWh овозмоќува брзо 800-волтно полнење. Вкупната автономија е 600 километри. Сега уште да ги убедиме да го понудат (во некоја варијанта) на пазарот наместо уште еден здодевен SUV.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.