Lamborghini произведе 20.000 примероци на Urus за само 4 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini произведе 20.000 примероци на Urus за само 4 години!

Нема никаков сомнеж за популарноста на SUV моделите – а за тоа сведочи и Urus, чиј 20.000 примерок ја напушти производната лента!

Колкав е придонесот на Urus во продажбата на Lamborghini? 20.000-тиот примерок денес излезе од производната лента и ќе патува кон Азербејџан. 20.000-тиот Urus е во прекрасната Viola Mithras боја, во комбинација со црни тркала и црни шепи на сопирачките. Моќниот мега-SUV го удвои производството на Lamborghini, а двојно порасна и фабриката во Sant’Agata Bolognese каде се произведуваат моделите на италијанскиот производител. Со лансирањето на Urus и зголемувањето на фабриката, и бројката на вработени се зголеми за 500, со цел да може да се задоволи побарувачката. Не само што е најпродаваниот модел на Lamborghini, туку тоа го постигна и за најкратко време.

„Од првиот момент кога го покажавме Urus концептот во 2012, па преку лансирањето во 2018 и секоја година до сега, Urus ја докажа неговата привлечност како вистинско Lamborghini, родено од наследството на нашите супер-спортски автомобили но и првиот Super-SUV на светот – LM 002. “ – изјави Stephаn Winkelmann, извршниот директор на Lamborghini.

Од Lamborghini гордо кажуваат дека дури 70% од купувачите на Urus се нови клиенти на брендот, а купувачите сакаат храбри бои за својот мега-SUV – најпопуларни бои се Grigio Telesto, Blu Cepheus и Viola Pasifae. Секако, таквите бои му одговараат на моќниот SUV кој благодарение на 4-литарскиот твин-турбо V8 располага со 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент, доволно за лансирање до 100 километри на час за само 3.6 секунди.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.