ПРЕМИЕРА: Mercedes Vision AMG е најава за електричниот седан на AMG – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes Vision AMG е најава за електричниот седан на AMG

Иако е само визија за тоа како би можел да изгледа моќен електричен седан кој доаѓа директно од AMG-дивизијата, сепак гледаме како AMG би се трансформирал во електричен бренд кој ќе ја задржи постоечката и препознатлива AMG естетика.

„Vision AMG на спектакуларен начин ни покажува како би можела да изгледа електрификацијата на Mercedes-AMG, но со задржување на постоечката AMG естетика“ – изјави Phillip Schiemer, претседателот на Mercedes-AMG, и додаде – „Екстремните пропорции на Vision AMG создаваат фасцинација и страст за перформанси – а тоа го правиме во AMG.“

Интересно е што иако се работи за концепт, сепак гласините зборуваат дека Mercedes-AMG ќе го донесе Vision AMG во производство во некаква GT варијанта со пет врати. Дури се зборува дека и задните светла кои изгледаат како издуви на конвенционален мотор би можеле да ја преживеат трансформацијата од концепт во сериски автомобил.

Инаку, нискиот (и голем, Vision AMG е долг цели 5100 милиметри) има и одлични аеро-перформанси, а од Mercedes-AMG напоменуваат дека иако наликува на Vision EQXX кој беше претставен минатата година, сепак Vision AMG би добил активни аеро-компоненти кои треба да ја подобрат потисната сила, а со тоа и перформансите.

Инаку, Vision AMG ја најавува и новата AMG.EA платформа наменета за електрични возила. Оваа платформа ќе биде развиена целосно независно од останатите платформи во рамките на Mercedes-Benz ќе се користи исклучиво за моделите со врвни перформанси – а тоа значи дека ќе има и специјална батерија, како и засебни погонски технологии. Оваа платформа не би се користела само за серискиот модел кој ќе биде инспириран од Vision AMG, туку би се користела и за други модели на Mercedes-AMG.

Поврзано:   Пристигна новиот Mercedes-AMG GT Coupe!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.