Renault излегува од Русија и го продава уделот во AVTOVAZ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault излегува од Русија и го продава уделот во AVTOVAZ

Групацијата Renault потпиша договор за продажба на Renault Rusija и контролниот удел во рускиот производител на возила AVTOVAZ.

Информацијата доаѓа директно од Renault, а управниот одбор на Renault Group едногласно го одобри потпишувањето на споразумот за продажба на 100% од акциите во Renault Русија на градот Москва, како и мнозинскиот удел од 67.69% во рускиот AVTOVAZ.

Напоменуваат дека заклучувањето на овие трансакции не подложи на никакви услови и дека веќе се обезбедени сите потребни одобрувања. Сепак, во споразумот има подразбирање дека под одредени услови, Renault ќе може повторно да го купи својот удел во AVTOVAZ во следните шест години.

„Денес донесовме тешка, но неопходна одлука со која настојуваме одговорно да постапиме кон нашите 45.000 вработени во Русија, да го одржиме ефикасното работење на групацијата и да бидеме сигурни дека во иднина ќе можеме да се вратиме на рускиот пазар во поинаков контекст. Верувам дека Групацијата Renault е способна дополнително да ја забрза својата трансформација и да ги надмине поставените цели“ – изјави Лука де мео, извршниот директор на Renault Group.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.