Ken Block има постоечки договор со Audi, но очигледно на тркачот му е дозволено да „прошета“ и низ другите брендови на VAG – запознајте го Porsche Hoonipigasus со 1400 коњски сили!
Оваа луда, уникатна машина го носи имеето Hoonipigasus, а доаѓа во специјална боја која е наменета да оддаде почит на легендарниот Porsche 917 од 1971 кој го носеше прекарот Pink Pig. Срцето на новиот тркачки автомобил е 4-литарски твин-турбо боксер со шест цилиндри кој испорачува (искрено, малку ненормални) 1400 коњски сили.
Силата се испорачува кон сите четири тркала, а целиот автомобил тежи само 1000 килограми! Ken Block потврди дека оваа година ќе атакува на Pikes Peak токму во Hoonipigasus.
Hoonipigasus е дело на BBi Autosport во соработка со Porsche и Hoonigan. Автомобилот има специјална суспензија која автоматски ја нагодува висината на автомобилот во согласност со GPS координати и телеметрија од минатогодинашното искачување на Pikes Peak.
Hoonipigasus ќе се натпреварува во PPO (Pikes Peak Open) класата на овогодинешниот Pikes Peak – и сигурни сме дека ќе изгледа и ќе звучи спектакуларно!