full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по 1.5, дизелот 2.5 денари

Од вечерва на полноќ ќе се зголемат цените на горивата – бензините поскапуваат по 1.5 денари а дизелот ќе поскапи 2.5 денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 1.90%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 81.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 83.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе претрпи поголемо зголемување – дизелот ќе поскапи за 2.5 денари за литар и еден литар ќе чини 82.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.