Новите Continental UltraContact – Создадени за издржливост! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите Continental UltraContact – Создадени за издржливост!

Благодарение на новата YellowChili компонента, новите UltraContact пневматици на Continental ветуваат ултра-долга километража и безбедно балансирано искуство во возењето.

Новите Continental UltraContact кои неодамна пристигнаа во Македонија се наменети за оние кои сакаат со своите пневматици да поминат навистина многу километри, а притоа да не направат компрос во однос на безбедноста и перформансите. Новата, YellowChili компонента која е дел од UltraContact го ветува токму тоа – ултрадолга километража и безбедно, балансирано возачко искуство. Секако, тука своја улога игра и дизајнот на „шарата“ на новите премиум пневматици на Continental.

Кога сме веќе кај шарата, да ја напоменеме и UltraShield обвивката. Задачата на оваа нова заштитна структура е да ги заштити пневматиците од нерамните улици и несовршеностите на патот. Според Continental, UltraShield овозможува забележлива заштита од оштетување во секојдневно возење – а со тоа значително се подобрува и безбедноста.

Мораме да ги напоменеме и перформансите во услови на дожд. Вистинските таленти на еден пневматик се препознаваат токму на мокри услови, а обликуваните црти на UltraContact го подобруваат wipe-out ефектот на водата и овозможуваат подобро сопирање и подобро маневрирање во услови на дожд. Поработено е и на намалувањето на бучавоста, благодарение на специјалните „прекинувачи“ на бучавоста во жлебовите.

Новите Continental UltraContact ветуваат безбедност, удобност, издржливост и долготрајност. Достапни се во широчина од 155 до 245 милиметри, со пресек од 40 до 80 проценти и големина од 14 до 20 инчи.

Како што напоменавме, UltraContact неодамна пристигнаа во Македонија, а повеќе информации можете да добиете кај нашите пријатели од Мотоцентар, кои воедно се и застапник за Continental во нашата земја.

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.