Протекоа првите фотографии од Toyota GR Corolla! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од Toyota GR Corolla!

На околу 12 часа пред официјалната презентација, протекоа првите фотографии од најжешката изведба на Corolla.

Сега за сега, немаме никакви официјални информации околу спецификациите и перформансите на GR Corolla, но според некои неофицијални податоци дознаваме дека жешкиот хечбек ќе го користи истиот 1.6-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој се вградува и во GR Yaris, но навиен да испорачува 300 коњски сили и 370 Nm вртежен момент преку мануелен менувач кон GR-FOUR погон на сите четири тркала.

Официјалната презентација е закажана за рано наутро, па утре ќе ги имаме сите детали.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.