full screen background image
Search

Златно Тркало 2022 – Победници!

Полека но сигурно, се ближиме кон крајот на уште еден циклус на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало. Денес ги објавуваме победниците, кои ги избравте вие, нашите читатели!

Оваа година се натпреваруваа 14 различни автомобили во пет различни категории. Баравме најпосакуван семеен, градски, премиум, електрифициран и најпосакуван автомобил во Македонија. Беа направени вкупно 12.216 гласања, а победниците се следните:

Најпосакуван Градски Автомобил – Peugeot 308

Со освоени 37.70% од гласовите, новиот 308 се наметна како доминантен во категоријата. Францускиот хечбек привлекува со динамичниот дизајн, спортските карактеристики и високите технологии. Новиот 308 е достапен со турбо-бензинец, турбодизел или со еден од два хибридни погони.

Најпосакуван Семеен Автомобил – Kia Sportage

Новиот Sportage е фаворит меѓу македонските купувачи, и тоа го докажа со 39.11% од освоените гласови во категоријата. Новиот Sportage поставува нови стандарди во класата, благодарение на новите, модерни технологии, авангардниот дизајн и ефикасните мотори, како и долгата гаранција. Веќе традиционално, нашите купувачи редовно го одбираат Sportage – и судејќи по резултатите, очекуваме тоа да продолжи и во иднина.

Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Volkswagen ID.4

Првиот електричен SUV на Volkswagen покажува дека и меѓу македонските купувачи има навистина голем интерес за електричните возила, особено кога станува збор за SUV. Електрификацијата зема замав, а купувачите ги препознаваат квалитетите на ID.4, кој ги обединува напредните технологии и предностите на возење електрично возило, со трендовската форма на SUV.

Најпосакуван Премиум Автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo

Првото електрично Porsche е интересен и храбар избор – но не и неочекуван. Премиум автомобилите се борат во навистина конкурентен сегмент, каде ексклузивноста, технологиите и перформансите имаат подеднаков третман – и токму електричниот Porsche Taycan Cross Turismo, со 43.45% од гласовите беше победничкиот избор.

Најпосакуван Автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4

Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen ја зема титулата за Најпосакуван Автомобил во Македонија со освоени 38.35% од гласовите. Комбинацијата од електричен SUV, врвни електрични перформанси и моќта на брендот Volkswagen покажуваат дека и кај нашите купувачи има вистински интерес за електрични возила. Се надеваме дека трендот ќе продолжи и во иднина.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Carrera GTS Cabriolet America Edition - 115 примероци, само за Северна Америка!

Со задоволство им честитаме на победниците и им се заблагодаруваме за учеството. Секако, огромна благодарност и до нашите читатели и фанови, кои самите одлучија кои се најпосакуваните автомобили во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.