Ford најави електрична офанзива и 7 нови електрични возила до 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford најави електрична офанзива и 7 нови електрични возила до 2024!

Ford ја најави својата агресивна електрична експанзија во Европа – ќе додаде три нови електрични кросовери и четири нови електрични комерцијални возила до 2024.

Со новите модели, Ford сака да стигне до продажба од 600.000 електрични возила во Европа, односно 2 милиони глобално, до 2026. Ford дури најави дека цели да достигне јаглеродна неутралност до 2035. Со постоечките возила кои веќе ги нуди, европскиот огранок на Ford ќе има вкупно 9 електрични возила во својата гама до 2024.

Добро, но што точно се подготвува да претстави Ford? Според објавените фотографии, забележуваме целосно-електрична верзија на новата Puma, нов кросовер, како и спортски кросовер кој би требало да е издвоен од електричниот Mustang Mach-Е. Дополнително, Ford ќе лансира и неколку нови електрични возила – очекуваме електрични Transit, Tourneo, Tourneo Carrier и уште неколку нивни варијанти.

Ford најави огромни инвестиции за да го поддржи овој план. Фабриката на Ford во Келн ќе произведе 1.2 милиони електрични возила во период од 6 години, каде ќе бидат инвестирани 2 милијарди долари. Фабриката на Ford во Романија ќе биде местото од каде е излегуваат електричните верзии на Transit и Tourneo, како и електричната Puma.

Ford најави и голема инвестиција во Турција, каде во соработка со две други компании и турската влада ќе прават фабрика за производство на батерии за комерцијални возила. Фабриката ќе биде изградена близу Анкара, а според Ford „ќе се произведуваат високо-квалитетни батериски ќелии наменети за вградување во батериски модули“. Според најавеното, ова ќе биде една од најголемите фабрики за батерии во регионот, со годишен капацитет од околу 35-40 gWh.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.