full screen background image
Search

Новите Continental SportContact 7 доминираат на тестовите за пневматици!

Новите пневматици со ултра-високи перформанси на Continental – SportContact 7 – доминираат на тестовите, и веќе победија на тестирањата на Sport Auto и Tyre Reviews!

Во најновиот број на германскиот Sport Auto е објавен споредбен тест на неколку различни спортски пневматици, и токму новите SportContact 7 на Continental се изборија да стигнат до првото место. Уредниците на Sport Auto истакнаа дека SportContact 7 имаат исклучителни перформанси при кочење, како на суво, така и на мокро, одлична избалансираност во возењето и најдобар (најнизок) отпор кон тркалање.  Токму овие резултати беа причината SportContact 7 да бидат прогласени за победници на тестот.

Дополнително, и веб-страницата Tyre Reviews неодамна го објави својот тест на пневматици со високи перформанси – и повторно, Continental SportContact 7 се на врвот. Експертите од TyreReviews кажаа дека „Тукушто-претставените Continental SportContact 7 поставуваат нов бенчмарк на мокра подлога, каде двата тестови ги завршуваат со импресивна предност пред следните пневматици. Но импресивно е дека одличните перформанси на мокро не резултираат со компромитирани перформанси на суво – новите SC7 е најбрз и на суво и има најкратко кочење на суво.“

Новите Continental SportContact 7 се веќе достапни кај нашите пријатели од Мотоцентар, кои воедно се застапници за брендовите на Continental во Македонија.

Тестот на TyreReviews можете да го погледнете тука:



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.