full screen background image
Search

Stellantis гo најави електричниот кросовер Jeep EV

Stellantis го претстави изгледот на првиот целосно електричен кросовер на Jeep, на настанот каде ја откри иднината на целата групација.

Извршниот директор Carlos Tavares ги претстави фотографиите од предниот и задниот дел на неименуваниот мал кросовер, кој ќе пристигне во Европските претставништва на почетокот на 2023.

Новитетите пристигнаа во текот на презентација во живо во која Таварез ги објави плановите на Stellantis да понуди дури 75 различни електрични возила со батерија до 2030, вклучувајќи два дополнителни електрични модели на Jeep до 2024: теренец и фамилијарен кросовер.

Таварез не откри никакви технички детали за новиот мал електричен кросовер на Jeep, но од фотографиите можеме да заклучиме дека ќе биде главно замислен за користење по асфалтираните патишта.

Тој се одликува со модерен, кросоверски дизајн со поиздадени отвори за тркалата, затворена предна решетка стилизирана во традиционалниот стил на Jeep со додадена мала буква „е“, над која се наоѓа поклопец со мат црна површина.

Модерните STLA електрични платформи, а посебно помалата верзија која овој автомобил би можел да ја користи како база, ќе започнат да се произведуваат за неколку години, што значи дека новиот електричен кросовер најверојатно ќе биде создаден на модифицирана верзија од платформата e-CMP.

Платформата е развиена од PSА и веќе се користи како основа за моделите Peugeot e208 и Opel Corsa e, кои се достапни само со погон на предните тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.