Нов понеделник, нови цени на горивата – а од утре цените на бензините ќе се зголемат за половина денар.
Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ бензините ќе поскапат по половина денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 82.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 84.50 денари.
Цената на дизелот не се менува, па еден литар Еуродизел и понатаму ќе чини 74.00 денари.