ПРЕМИЕРА: Jeep Renegade и Compass e-Hybrid добиваат супер-ефикасен самополнечки хибриден погон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jeep Renegade и Compass e-Hybrid добиваат супер-ефикасен самополнечки хибриден погон!

е-Hybrid верзиите на Renegade и Compass имаат поконвенционален самополнечки хибриден систем кој ветува дека ќе понуди одлични перформанси, но и исклучителна економичност.

Хибридниот систем кој ќе се вградува во Renegade и Compass e-Hybrid е целосно нов – комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува 132 коњски сили и 240 Nm со електромотор и батерија. Бензинецот работи на Милеровиот циклус и има висока компресија – дури 12.5:1.

Дополнително, дел од системот е и напреден систем за директно вбризгување на горивото под висок притисок. Електромоторорт испорачува дополнителни 20 коњски сили и 55 Nm вртежен момент – не е многу, но е доволно да ги задвижи хибридните SUV модели во „тргни-застани“ урбан сообраќај каде потрошувачката на бензин е најголема.

Силата од системот ќе се пренесува кон предните тркала преку 7-брзински менувач со двојна спојка, а Renegade и Compass ќе добијат и систем за регенеративно сопирање. Според Jeep, целиот систем треба да обезбеди намалување на потрошувачката и намалување на емисијата на штетни гасови за до 15%.

Новите модели ќе добијат специјална Upland изведба која користи одржливи материјали, како и еколошки бои. Тука ја издвојуваме специјалната Matte Azur сина боја со контрастен кров и 17 или 18-инчни тркала. Особено ни се допаѓаат и SEAQUAL седиштата кои се изработени од рециклирана пластика извадена од средоземното море – ваквиот еколошки и одржлив пристап е вистинскиот пат почиста околина.

Секако, во понудата ќе бидат и другите изведби на овие модели, кои ќе може да се добијат со хибридниот погон. На некои пазари Jeep ќе нуди само електрифицирана гама – и со тоа оди чекор понатаму кон амбициите да биде најзелениот производител на теренски возила на пазарот.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.