ПРЕМИЕРА: Ford Bronco Raptor има повеќе од 400 коњски сили и врвни теренски способности! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ford Bronco Raptor има повеќе од 400 коњски сили и врвни теренски способности!

Bronco Raptor користи добива значителни доработки, но и 3-литарски EcoBoost V6 кој ќе испорачува повеќе од 400 коњски сили!

Новиот Bronco Raptor е цели 25 сантиметри поширок од обичниот Raptor и добива многу доработки кои го прават уште поспособен при оф-роуд возење.

Првиот – и можеби најважен – новитет е 3-литарскиот V6 EcoBoost турбо-бензинец. Сега за сега немаме официјални податоци околу моќноста, но се очекува моќниот мотор да испорачува околу 400 коњски сили и околу 600 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите 4 тркала преку 10-брзински автоматски менувач, а системот за погон на сите четири тркала ќе добие и специјален GOAT режим за теренско возење. Bronco Raptor добива и нов Baja режим кој активира анти-лаг систем за турбополначот и е наменет за брзо возење низ пустински услови.

Секако, многу внимание е посветено и на шасијата и суспензијата. Суспензијата има подолг од, со подолги стабилизатори. Сето тоа овозможува предната суспензија да има вкупен од од 33 сантиметри на предните тркала, односно 35.5 на задните тркала.

Bronco Raptor добива специјални полу-активни FOX амортизери, а електронските системи ја проверуваат позицијата на секое тркало стотици пати секоја секунда. Секако, Bronco Raptor има и дополнителни заштитни панели кои го штитат подвозјето при екстремно возење.

И конечно – и тркалата се специјални. Супер-силните 17-инчни фелни се обвиени во 37-инчни теренски пневматици од BF Goodrich – а сето тоа го прави Bronco Raptor навистина интересен, нели? Штета што најверојатно нема да го видиме во Европа. :(



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.