Засебен тим во рамките на фабриката на MINI во Оксфорд ќе го конвертира вашето класично MINI од конвенционално во електрично.
MINI објави дека ќе започне конверзија на примероци на класичното MINI од конвенционални во електрични. Засебен, дедициран тим кој е дел од фабриката на MINI во Оксфорд ќе работи токму на овие конверзии. Според MINI, овие возила „ќе добијат нов живот“ преку трансплантацијата – конвенционалниот мотор ќе биде заменет со електричен кој нуди 122 коњски сили, кои пак ќе му овозможат на малиот електричен автомобил да забрза до 100 километри на час за околу 9 секунди.
Според најавеното, конвертираните возила ќе добијат батерија која овозможув автономија од околу 160 километри – што е повеќе од доволно за мало градско возило. Интересно е дека MINI најавува дека конверзиите ќе бидат реверзибилни – односно дека извадените мотори ќе бидат маркирани и складирани, и сопственикот ќе може да го врати возилото во првобитната состојба доколку сака.
Возилата нема да имаат ниту визуелни измени – единствените козметички измени се додадениот конектор за полнење и ретро инструмени на кои сепак ќе се прикажуваат состојбата на батериите и достапната автономија.,
Фраерско!