full screen background image
Search

Rolls-Royce ја имаше најдобрата година во својата историја

Torsten Müller-Ötvös – извршниот директор на Rolls-Royce Motor Cars објави дека 2021 беше најдобрата година во историјата на супер-луксузниот бренд.

„Денес сум горд дека можам да објавам рекордна продажба за Rolls-Royce Motor Cars во 2021. Навикнати сме да поставуваме рекорди, но тоа не треба да го оттргне вниманието од размерот на нашиот успех минатата година – особено со оглед на пандемијата и нејзините глобални економски влијанија.“ – изјави Torsten Müller-Ötvös.

Минатата година Rolls-Royce испорачa вкупно 5586 возила на клиенти од 50 различни земји – а тоа е раст од дури 49% во однос на 2020.

Порасната е продажбата на врвниот Phantom, но растот најмногу се должи на новиот Ghost, кој е зајакнат од Black Badge изведбата која беше претставена во Октомври. Дополнително, купувачите и понатаму го бараат и го купуваат првиот супер-луксузен SUV на Rolls-Royce – Cullinan.

Дополнително, Torsten Müller-Ötvös додава дека интересот е толку голем, што ако денес го нарачате вашиот Rolls-Royce, очекувајте да ви биде испорачан за околу една година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.