Toyota Hilux GR Sport користи 2.8-литарски турбодизел кој испорачува 204 коњски сили и моќни 500 Nm вртежен момент.
Од Toyota кажуваат дека Hilux GR Sport влече инспирација од рели-трките – а тоа го пресликува во редизајнираната предна маска со централна хоризонтална греда на која е испишано името на Toyota и ја заменува класичната предна значка. Според Toyota, овој детал го референцира Hilus од 80-тите години. На предниот дел препознаваме и нови декоративни елементи околу светлата за магла, а Hilux GR Sport е поставен на нови, црни 17-инчни тркала. Црните детали продолжуваат околу целиот пикап – а тоа пак дополнително ги истакнува црвените амортизери и пружини.
Hilux GR Sport добива ревидирана суспензија – гореспоменатите нови амортизери и пружини кои овозможуваат подобри и побрзи перформанси, но и подобро ладење. Резултат на сето внимание посветено на суспензијата е поголема доверливост во најекстремни ситуации.
Кабината на Hilux GR Sport добива предни спортски седишта обвиени во црна кожа со црвени перфорации и контрастни шевови. Забележуваме и GR Sport ознаки, алуминиумски спортски педали, декоративни елементи со карбонски дизајн, и уште неколку ситни детали. Hilux GR Sport е придвижуван од истиот 2.8-литарски D-4D турбодизел кој испорачува 204 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – а тоа му овозможува да влече до 3.5 тони, како и да пренесе товар со тежина до 1 тон во товарниот простор.
Hilux GR Sport ќе пристигне кај дилерите ова лето.