Peugeot порачува – планирај мудро, порачај го своето Peugeot возило сега – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot порачува – планирај мудро, порачај го своето Peugeot возило сега

Во време на светска пандемија, дефицит на ресурси и забавена продажба, компанијата Еуроимпекс ја прилагодува својата продажна стратегија согласно новите услови на пазарот и истапува со кампања со која ги повикува своите клиенти на паметно планирање, под слоганот „Планирај мудро. Порачај го своето возило сега!“

Со со новата кампања, Еуроимпекс им дава прилика дури и на најпребирливите клиенти да го конфигурираат своето возило согласно нивниот уникатен стил, нивните желби и потреби на патот и навремено да ја остварат порачката на својот омилен автомобил.

Гамата на Peugeot нуди многу новитети, а понудата опфаќа патнички и комерцијални возила. Возила со внатрешно согорување, електрични возила и plug-in хибридни модели. Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија.

За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салоните на Peugeot и дилерската мрежа или посетете ја веб страницата www.peugeot.mk

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.