full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota ја претстави европската Corolla Cross

Corolla Cross беше најавена пред неколку месеци, а сега ја имаме и европската варијанта која доаѓа со врвна опрема и технологии, како и неколклу различни погонски опции.

Corolla Cross доаѓа со најновата, петта генерација на хибридниот систем на Toyota кој користи 2-литарски бензинец, литиум-јонска батерија и електромотор, за да испорача системски 197 коњски сили. Дополнително, тука е и опцијата за i-AWD погон кој користи електромотор за да ги задвижи задните тркала. Овој електромотор испорачува дополнителни 41 коњска сила. Без разлика на одбраниот погон, Corolla Cross забрзува до 100 километри на час за повеќе од одлични 8.1 секунда.

Инаку, дизајнот на Corolla Cross влече инспирација од големиот RAV4, но во модернизирано, заострено издание. Кросоверските детали се тука, но сè на сè Corolla Cross има засебен идентитет и изгледа посвежо од својот поголем брат.

Секако, Corolla Cross ги добива и сите нови системи за безбедност кои ги нуди Toyota. Приказната започнува со Full Speed Range адаптивниот темпомат, системот за следење на коловозната лента и препознавање на сообраќајните знаци, автоматските долги светла, систем за автоматско сопирање во итни случаи, систем за препозанавање на сообраќај позади автомобилот и многу, многу повеќе. Европските купувачи добиваат и помодерни инструменти – пред возачот е поставен 12.3-инчен екран на кој е поставена дигиталната инструмент-табла.

Според официјалните информации од Toyota, испораките на Corolla Cross ќе започнат кон втората половина од следната година. Очекуваме Corolla Cross да биде особено интересна за купувачите и да биде еден од најпродаваните модели на јапонскиот гигант.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.