ПРЕМИЕРА: Abt го претстави совршено ирационалниот Audi Abt RS6-S! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Abt го претстави совршено ирационалниот Audi Abt RS6-S!

Фановите на брзите каравани (а ние се вбројуваме меѓу нив) се вљубени во Audi RS6. Но што се случува кога тјунерите од Abt ќе фрлат малку од својата магија врз моќниот супер-караван?

Одговорот е Abt RS-S. Под поклопецот се крие истиот 4-литарски твин-турбо V8 кој во стандардна конфигурација испорачува 600 коњски сили, но според Abt „потенцијалот е далеку од целосно-постигнат“.

ABT Power S пакетот кој вклучува надграден процесор му овозможува на моќниот V8 да испорача 700 коњски сили и 880 Nm вртежен момент. Сакате уште? Нема проблем – инженерите на Abt може дополнително да ги „навијат“ работите за да располагате со вкупно 740 коњски сили и 920 Nm вртежен момент.

Секако, доработките не се само визуелни. Инженерите на Abt подготвија и карбонски аеро-пакет кој е инспириран од моторспортот. Пакетот вклучува преден спојлер, странични прагови, како и дополнителни насочувачи на воздухот.

Приказната се заокружува со дводелниот заден спојлер, а звукот е уште подрзок благодарение на Abt издувот изработен од нерѓосувачки челик.

Суспензијата е преработена и прилагодлива, па автомобилот може да биде понизок до 25 милиметри напред, односно до 30 милиметри назад. Зајакнати се и стабилизаторите, а целиот пакет се заокружува со огромните 22-инчни ABT High Performance HR тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.