Продолжува електрификацијата на Peugeot – пристигна плаг-ин хибридниот 508 Hybrid! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Продолжува електрификацијата на Peugeot – пристигна плаг-ин хибридниот 508 Hybrid!

Во салонот на Peugeot од денес е поставен плаг-ин хибридниот 508 Hybrid – и тоа во неговата супер-секси караванска изведба!

Електрификацијата на Peugeot на нашиот пазар продолжува со плаг-ин хибридниот 508 Hybrid, кој од денес може да се погледне во салонот на францускиот бренд. Навидум идентичен со „обичниот“ 508, плаг-ин хибридниот 508 Hybrid доаѓа со грст погонски и технолошки подобрувања кои го прават особено интересен.

Под предниот поклопец се крие 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 180 коњски сили и се комбинира со електромотор со моќност од 80 kW (односно 107 коњски сили) за вкупна системска моќност од 225 коњски сили и 360 Nm вртежен момент. Во комбинација со батерискиот модул, 508 Hybrid може да помине до 54 километри на електрична енергија (и во ова имавме можност и самите да се увериме кога минатата година го возевме токму 508 Hybrid низ Шпанија). Притоа, минималната потрошувачка на бензин може да биде само 1.3 литри на 100 изминати километри и емисијата на CO2 да биде 29 грама на изминат километар.

Ќе напоменеме дека на струја може да вози и при повисоки брзини – системот дозволува максимална брзина од 135 километри на час кога се вози само на електрична енергија. Ниту перформансите не се за потценување. Благодарение на сите тие коњски сили и вртежниот момент кој е достапен „од нула“, 100 километри на час пристигнуваат за 7.9 секунди, додека максималната брзина е 240 километри на час.

Батеријата на плаг-ин хибридниот 508 е со капацитет од 11.3 kWh и на полнач со моќност од 7.4 kWh се полни за нешто повеќе од час и половина. Доколку ја полните во домашни услови, ќе се наполни за околу 8 часа – и како што рековме, ќе ви овозможи да поминете над 50 километри на електрична енергија – повеќе од доволно за дневните потреби. За да се надмине стравот кај купувачите, Peugeot нуди гаранција за батеријата од 8 години, односно 160.000 километри.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Peugeot, или пак салонот на францускиот бренд.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.