ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави урбаниот и самоуверен Aygo X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави урбаниот и самоуверен Aygo X

Новиот Aygo X е мал кросовер наменет за урбаните средини.

Откако минатите две генерации беа „збратимени“ со Peugeot 107/108 и Citroen C1, најновата, трета генерација на Aygo е модел кој е развиен независно и според Toyota – нешто радикално.

Aygo е поставен на скратена верзија на GA-B платформата на Toyota (истата одлична платформа која се користи за новите Yaris и Yaris Cross – нашиот тест на Yaris прочитајте го тука) – а сето тоа значи пристап до современи технологии кои не сме навикнати да ги очекуваме во овој сегмент. Aygo X ќе се нуди само со еден мотор – 1-литарски три-цилиндерски атмсоферски бензинец кој испорачува 72 коњски сили и 93 Nm вртежен момент, а ќе може да се комбинира со 5-степен мануелен или бесстепен CVT автоматски менувач.

Перформансите се очекувани за градски автомобил – 100 километри на час се достигнуваат за 15.6 секунди, додека максималната брзина е 158 километри на час. Вистинскиот репер за градските автомобили е ефикасноста – а од Toyota кажуваат дека Aygo X ќе троши само 4.7 литри бензин на 100 изминати километри.

Кабината е подеднакво храбра како и екстериерот – па забележуваме детали во храбри, контрастни бои и несекојдневни форми. На централната конзола е поставен 9-инчен мултимедијален екран, а кабината ќе добие и безжично полнење за мобилен телефон како и амбиентално осветлување.

Интересно, Aygo X добива и други премиум технологии – LED предни светла, напреден темпомат, препознавање на пешаци, систем за следење на коловозната лента, итн. Зголемен е и багажникот – сега е со капацитет од 231 литар (значително повеќе од 168-те литри на минатата генерација), односно 829 литри со преклопени задни седишта.

Како и досегашните генерации на Aygo, и Aygo X е дизајниран и ќе се произведува во Европа. Се очекува да пристигне во салоните на Toyota во текот на следната година.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Освежениот Toyota GR Yaris е уште помоќен и уште побрз!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.