ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави електричниот bZ4X – може да помине повеќе од 450 километри со полни батерии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави електричниот bZ4X – може да помине повеќе од 450 километри со полни батерии!

Новиот електричен SUV на Toyota има несекојдневно име, нова платформа, нов напреден погон и може да помине повеќе од 450 километри со едно полнење на батериите.

bZ4X е поставен на e-TNGA платформата која е наменета за електричните возила на јапонскиот гигант. Платформата може да ги менува димензиите во зависност од потребите, а во конкретниот случај е искомбинирана со литиум-јонска батерија со капацитет од 71.4 KWh. Според Toyota, официјалните WLTP мерења се во тек и се очекува да може да помине повеќе од 450 километри. Интересно, ќе биде достапен со кров со соларен колектор, кој би требало да овозможи (во зависност од тоа каде сте, секако) уште околу 1800 километри на струја во текот на една година.

Дизајнот е супер-футуристички и bZ4X навистина изгледа како да е концептен автомобил. Доминираат несекојдневни форми и интересни дизајнерски решенија, па наместо ние да го објаснуваме дизајнот – ќе оставиме да ги погледнете фотографиите.

Ајде уште малку за погонот. Toyota кажува дека по 10 години и 240.000 километри, батериите ќе задржат 90% од својот капацитет. bZ4X ќе можете да го нарчаате со погон на предните или на сите четири тркала. Одберете погон на предните и ќе добиете електромотор кој испорачува 204 коњски сили и овозможува забрзвуање до 100 километри на час за 8.2 секунди.

Одберете погон на сите четири тркала и ќе добиете два електромотори – секој со моќност од 109 коњски сили, за вкупна системска моќност од 218 коњски сили. Разликата не е голема, но и покрај зголемената тежина за 85 килограми, подобрата тракција овозможува „стотка“ за 7.7 секунди. Кај двете верзии максималната брзина е ограничена на 160 километри на час.

Поврзано:  ТЕСТ: Toyota C-HR 1.8 Hybrid E-CVT 2WD Cult - Очекуваниот избор

Инаку, e-TNGA платформата е развиена во соработка со експертот за погон на сите четири тркала Subaru – а тоа значи дека bZ4X ги добива AWD технологиите на Subaru кои доаѓаат со напреден X-Mode и Grip-Control. Секако, тука се и сите нови напредни Toyota Safety Sense технологии за безбедност на Toyota – а сето тоа гарантира и врвна активна и пасивна безбедност.

bZ4X ќе биде лансиран во текот на следната година, а според најавеното Toyota планира да има дури 7 целосно-електрични bZ модели до 2025.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.