Ф1: Големата награда на САД – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1: Големата награда на САД

Викендов се одржа Формула 1 трката во САД – патеката се наоѓа во Остин Тексас, и температурата беше 30 целзиусови степени. Тоа се предностите да си поблиску до екваторот.

Квалификациите се одржа во 23 часот во Саботата, а трката во 21часот во Недела. На квалификациите Верстапен се покажа како најбрз, до него Хамилтон на второто место и Перез на третото.

На оваа патека второто место на стартот е од левата страна, но и првата кривина е на лево. Тоа често овозможува вториот на стартот да има предност во првата кривина. Нешто кое Хамилтон го искористи максимално, а Макс му допушти. Иако стартуваше прв, Макс, почна да го турка Хамилтон на лево на стартот , и кога пристигнаа до свиокот туркањето беше во обратна насока. Хамилтон за заврте кривината најшироко што може – а Макс излезе од патеката и го предаде првото место.

Согласно напредокот на Мерцедес во болидот кој и онака е неверојатно брз, сите кои ја следеа трката веќе се разочараа мислејќи дека борбата заврши и тоа е финалниот резултат. Причините за тоа се дека Мерцедесот кога е во празен воздух се однесува многу подобро отколку кога следи некој болид. Па согласно тоа очекувано беше да го снема Хамилтон во далечините. Но, овој пат не се случи тоа. Хамилтон не можеше да се оддалечи од Макс. Тоа траеше неколку кругови.

Пред било кој да очекува дека е можно да почнат боксовите Макс влезе во бокс! Играта на стратегии потегната од Редбул во многу ран момент. Што за да искористат таканаречен Undercut, што за да им ја пореметат стратегијата на Мерцедес. Макс излезе од боксот и почна да надокнадува по цела секунда во круг. Undercutот беше многу повеќе од успешен, од 3-4 секунди зад Хамилтон сега Макс се наоѓа во позиција да исочи 3-4 секунди пред Хамилтон. Тоа и се случи.

Поврзано:  Луис Хамилтон игра видео игри од своето детство

На сечија жалост Редбул не го искористија Перез да му пречи на Хамилтон во овој дел од трката, па целиот товар остана врз Макс.

Сега и Макс и Хамилтон на нови пневматици, не може нико ништо да направи. Во моментот кога забележаа пад на перформанси на тврдите пневматици на Макс го повика во втор бокс и тоа со уште 30 кругови преостанати! Влезе и ги промени со нови тврди пневматици. Хамилтон продолжи да ги молзе неговите што е можно подолго, со цел да има најсвежи возможни пневматици за последните 5-6 кругови кога би го напаѓал Макс.

Скоро 10 кругови подоцна Хамилтон влезе за нови пневматици и ги промени истите пак со тврди.

Сега е веќе јасна состојбата, се што треба да направи Хамилтон е да ги воведе новите пневматици, да ги доведе до оптимална состојба и да се фати за работа да го стигне Макс. Лесно е да се каже, многу потешко да се направи. Згора на тоа нe е само да го стигнеш, треба и да го престигнеш – што би рекол најпознатиот Ф1 коментатор Мари Вокер.

Во последните 10 кругови Макс покажа маестрално возење. Беспрекорно издржа од кривина во кривина, возеше на самиот лимит на можностите. Се што можеше да извади од себе, од болидот и од старите пневматици го извади. И не му дозволи на Луис да му се доближи во DRS зона од под 1 секунда. Едноставно фантастично. И да не заборавиме сосема, сосема неочекувано од гледачите. Верувам дека немаше ниту еден кој помисли дека Макс ќе издржи до крајот да се бори, особено на тие пневматици. Сепак победниците ја пишуваат историјата, и овој пат Макс се качи на највисокото скалило на подиумот, спротивно на сите очекувања.

Поврзано:  Луис Хамилтон игра видео игри од своето детство

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.