Во салонот на Škoda пристигна освежениот Kodiaq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Škoda пристигна освежениот Kodiaq

Во салонот на Škoda во Скопје веќе е изложен освежениот голем SUV – Kodiaq.

Кај освежениот Kodiaq добиваме нова, редизајнирана предна маска како и нов поклопец на моторот, нови предни и задни светлосни групи како и нови браници. Kodiaq сега има и нови алуминиумски декоративни елементи, како и нови предни светла кои за прв пат кај Kodiaq се со LED Matrix технологија.

Светлата за магла добиваат нова конфигурација, а на задниот дел вниманието оди кон редизајнираните светла со нова графика. На купувачите им се достапни и нови тркала, со максимален дијаметар од 20 инчи.

Кабината добива нови декоративни елементи, контрастни шевови на конзолата, нови седишта со вентилација и надградено LED осветлување. Стандардните изведби на Kodiaq добиваат двокрак управувач, додека спортските Sportline и RS изведби добиваат поспортски трокрак управувач.

Во однос на погонските единици, Kodiaq добива нов основен 1.5-литарски TSI EVO турбо-бензинец со 150 коњски сили кој може да се добие со мануелен менувач и погон на предните тркала. Сите други мотори стандардно ќе доаѓаат со 7-брзински DSG, а сите верзии на Kodiaq со повеќе од 190 коњски сили стандардно ќе добијат погон на сите четири тркала. Покрај 2-литарскиот TSI кај Kodiaq RS, достапен е и 2-литарски TSI со 190 коњски сили, како и основниот 1.5-литарски TSI.

Во понудата ќе најдете и два турбодизелски мотори кои добиваат напреден систем за третирање на издувните гасови и како резултат на тоа емисијата на NOx е намалена за до 80%. Ревидираните TDI мотори се достапни со моќност од 150, односно 200 коњски сили.

За повеќе информации, посетете го салонот на Škoda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.