Land Rover го најавува новиот Range Rover – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover го најавува новиот Range Rover

Новиот супер-луксузен британски теренец ќе биде претставен следната седмица, но Land Rover веќе ги објави првите тизери.

„Новиот Range Rover е возило со карактер без конкуренција, од воздржаниот екстериер па сè до беспрекорниот мир во кабината. Range Rover не следи мода или трендови, туку преку модернистичка дизајнерска филозофија во комбинација со преку 50 години еволуција, тој едноставно е најпосакуваниот Range Rover некогаш направен.“ – изјави Jerry McGovern од Range Rover.

Се очекува новиот Range Rover да се нуди во неколку електрифицирани изведби, за по неколку години да добиеме и целосно-електричен голем SUV – конфигурација која идеално ќе му одговара на луксузниот британски теренец. Премиерата е закажана за следната седмица!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.