R5 Turbo 3 е модерна реинкарнација на Renault 5 Turbo Homologation Special – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

R5 Turbo 3 е модерна реинкарнација на Renault 5 Turbo Homologation Special

Legende Automobiles ја дизајнираше и ја создаде ултимативната верзија од нивниот омилен Homologation Special јангтајмер од 80тите.

Моделот Renault Turbo 3 е создаден како ограничена серија на спортскиот историски компакт со средно поставен мотор, дизајниран без никакви штедења во деловите.

Целта на тимот била да се комбинираат најдобрите елемети од Turbo 1 и Turbo 2 верзиите на Renault 5, заедно со користење на модерна технологија за подобрување на електричните системи и намалување на тежината.

Резултатот е фантастично возило кое останува верно на оргиналниот изглед, покрај тоа што вметнува и неколку модернизирани детали. Коцкастите широки крила оддаваат почит на оргиналната каросерија дизајнирана од Bertone, но наместо од алуминиум или челик, каросеријата е направена од јаглеродни влакна за намалување на тежината.

Новите предни и задни светла со целосна LED технологија го доведуваат R5 Turbo во 21виот век, без да го расипат неговиот безвременски дизајн. Истото може да се каже и за специјалните издувни цевки интегрирани во дводелниот дифузер, поизразениот заден спојлер обоен во портокалово, како и екстензијата на кровор и А-столбовите.

Тркалата се исто така пораснати во дијаметар со 16-инчи на предната и 17-инчи на задната оска, а се понудени во два различни дизајни, кои одлично се вклопуваат во проширените отвори.

Ентериерот е целосно различен од оргиналниот, но е перфектно уреден во рестомод стил. Кружните елементи од Turbo 1 се заменети со целосно дигитален инструмент панел, кој е сместена позади уникатниот волан со два краци.

Спартански уредената инструмент табла пак, има вметнати портокалови отвори за вентилација со дво-зонски клима уред и модерни контроли, но без мултимедијален екран. Рачниот менувач, заштитниот кафез, како и лесните спортски седишта со интегриран потпирач за глава и појаси со шест точки на заклучување јасно покажуваат дека овој R5 е дизајниран за перформанси.

Според Legende Automobiles, R5 Turbo 3 е базиран на Renault 5 шасијата со 3 врати, но е опремен со предна и задна double-wishbone суспензија, позајмена од тркачкиот R5 Maxi Turbo. Средно поставениот турбо-засилен мотор произведува 400 кс, што е многу повеќе од оргиналниот 1.4-литарски агрегат во цивилните варијанти. Силата се испорачува кон задните тркала преку секвенцијален менувач со рачен менувач, бидејќи тимот сакал да му даде на возачот целосна контрола на моторот.

Поврзано:  Новото Renault Twingo пристигна во Македонија!

Legende Automobiles не објави колку точно примероци од R5 Turbo 3 ќе произведат, a не ја откри ни цената за еден примерок. Сепак, се очекува да изнесува над 100,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.