Audi RS Q E-Tron e новиот учесник на 2022 Дакар Рели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS Q E-Tron e новиот учесник на 2022 Дакар Рели

Audi го претстави електрифицираниот тркачки теренец RS Q E-Tron, со кој ќе се натпреварува на следното издание на познатото Дакар Рели.

Робусниот RS Q E-Tron e создаден по излегувањето на Audi од Formula E шампионатот, со цел да се приклучи на природните теренски предизвици на Релито Дакар. Покрај тоа што изгледа навистина радикално, овој ѕвер има и необична погонска конфигурација.

Што се однесува до погонот, тој е целосно електричен и е составен од предните и задните електрични мотори преземени од Formula E болидот на Audi од 2021. Сепак, покрај него е и 2.0-литарски четири-цилиндарски бензински TFSI агрегат преземен од DTM класата, кој служи како интегрален дел на системот за конвертирање на електрична енергија, и користи како продолжувач на опсегот, а работи од 4,500 до 6,000 вртежи во минута.

Audi тврди дека бензинскиот агрегат работи на „посебно ефикасен опсег“ со цел да ги намали емисиите на помалку од 200 грама на CO2 за секој киловат-час кој е генериран во батеријата. Него го храни резервар за гориво од 295 литри, позициониран на 1.1 метро позади предната оска, всушност веднаш зад возачот.

Конвертерот на енергија исто така содржи и трет мотор-генератор за да ги наполни батериите додека RS Q E-Tron е возен жестоко. Audi Sport го развиле теренецот со пакет батерии од 50 киловат-часа, кои тежат 370 килограми и имаат механизам за извлекување на енергијата при сопирање.

Целосната сила на електричниот погон е 670 кс, додека според регулативите на Релито Дакар возилото тежи најмалку 2,000 килограми.

Германскиот бренд изјави дека RS Q E-Tron ги спровел првите тестови на почетокот од месецов во Нојбург, а ќе продолжи на опсежно тестирање до крајот на годинава, што вклучува и учествување на бројни крос-кантри релија.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го освежи e-tron GT, врвниот Performance има 925 коњски сили!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.