Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник!

Македонските претставници во Twingo Cup завршија во првите 10 на првата трка одржана на тркачката патека во Гробник.

Во конкуренција на 32 возачи, 7 Mакедонски натпреварувачи на Twingo CUP имаа фантастичен настап на тркачката патека во Гробник, Хрватска.
За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет – Мартин Костовски со 02:04.588.

Twingo CUP се одржа со најголем број учесници досега, што ја направи трката една од најдобрите, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.

„За влакно“ ни побегна подиумот во генералниот пласман. Во последниот круг Давид Малинковски од 6-то место успеа да стигне на 3-та позиција, и на два свиоци пред крајот на трката влезе во „драфт“, со што се подобруваат перформансите на возилото, па големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Сепак, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше 6-то пласиран.

Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).
За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава.
Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода.

Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот. Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк: ESET CUP Grobnik 2021 – TCR // Twingo Cup // Endurance // Saturday – YouTube

Извор: PR AKK Renault Sport



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.