ABT Sportsline го засили Volkswagen Golf R на 384 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT Sportsline го засили Volkswagen Golf R на 384 коњски сили

Познатиот Германски тјунер штотуку претстави пакет за подобрување на перформансите на најсилната изведба од осмата генерација на Volkswagen Golf.

Новиот Golf R e погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат, кој произведува 320 кс и 420 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на спортскиот компакт да забрза од 0-100 км/ч за 4.7 секунди.

Пакетот на ABT доаѓа со нова компјутерска единица, која ги зголемува овие бројки на 384 кс и 470 Nm вртежен момент. Тјунерската компанија не објави колку е побрз засилениот Golf R, но ние претпоставуваме дека тој забрзува од место до 100 км/ч за околу 4.0 секунди.

Примерокот преставен на фотографиите е опремен со фелни дизајнирани од ABT во сјајна црна боја и е украсен со црни шари на широкиот Ц-столб.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.