Opel подготви темелно освежување за најголемиот SUV во понудата – Grandland го губи „X“ од името, но добива значителни измени – како однадвор, така и внатре во кабината.
Најважното визуелно освежување доаѓа на предниот дел на Crossland, каде Grandland го добива Vizor дизајнерскиот елемент од поновите модели во гамата, а добива и LED предни светла кои доаѓаат од големата Insignia. Новите IntelliLux светла имаат по 84 диоди и ветуваат одлична прегледност при ноќно возење. Интересен новитет е и новиот Night Vision систем кој користи инфрацрва камера за да препознае луѓе и животни кои се оддалечени до 100 метри од автомобилот.
Вистинското освежување и во кабината, каде Grandland добива нова конзола, слична на онаа кај новата Mokka. Двата дисплеи се поставени еден до друг – едниот е наменет за возачот, другиот е наменет за инфозабавниот уред. Освежувањето продолжува со нови прекинувачи и контроли, како и нови отвори за вентилација.
Всушност, ќе кажеме дека вака радикална трансформација е вистинска реткост кога се работи за фејслифт. На технолошкиот фронт, Grandland добива нова 360-степенска камера, адаптивен темпомат и грст други нови технологии – како на пример напреден систем за активно следење на коловозната лента и систем за автоматскоп паркирање.
Сега за сега нема дополнителни информации околу понудата на погонски единици, но знаеме дека Opel ќе продолжи да го нуди плаг-ин хибридниот Grandland, а очекуваме во понудата да се најдат и останатите турбо-бензински и турбодизел мотори. Најавено е дека повеќе информации ќе има кога ќе започне продажбата на освежениот Opel Grandland.