Комфор Терапија – нови акциски цени на Citroën! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Комфор Терапија – нови акциски цени на Citroën!

Од Citroën пристигна информација за новата Comfort Therapy акциска кампања со специјални цени за неколку различни модели.

Акциските цени се однесуваат на неколку различни модели – Comfort Therapy акцијата е достапна за освежениот C3, целосно новиот C4, големиот SUV C5 Aircross, како и компактниот седан C-Elysee.

Цените за освежениот C3 започнуваат од 11.990 Евра, додека цените за целосно-новиот Citroen C4 започнуваат од 15.990 Евра. Ние неодамна го возевме новиот C4 и бевме навистина импресионирани од нивото на комфор кое го нуди.

Понатаму, доколку сакате голем SUV, тука е C5 Aircross чии цени започнуваат од 23.190 Евра. Конечно, доколку сакате достапен и практичен компактен седан, можете да го погледнете C-Elysee со дизелски мотор, каде цените започнуваат од 13.600 Евра.

За повеќе информации, обратете се во салонот на Citroën.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.