full screen background image
Search

Renault и Dacia ќе ја ограничат максималната брзина на 180 км/ч

По неодамнешното имплементирање на максимална брзина од 180 км/ч на сите возила на Volvo, сега и Renault и Dacia ќе го применат истото ограничување кај нивните идни модели.

Оваа одлука е последица на напорите на Renault за да го намали бројот на сообраќајни несреќи со нивните идни возила и оние на нивниот понискобуџетен бренд Dacia.

Како резултат на тоа, нивните претстојни модели нема да бидат способни да развијат над 180 км/ч, а за тоа ќе се грижи систем за автоматско регулирање на брзината наречен „Safety Coach“.

Тој ќе го прилагодува ограничувањето на брзината според ознаките на патот, додека истовремено ќе зема во предвид и други околности, како на пример состојбата на патот и временските услови.

Извршниот директор на Renault – Лука Де Мео, изјави дека прекумерното прекорачување на брзината е причина за третина од сите фатални автомобилски сообраќајни несреќи. Сепак, не објави од кога ќе почне да се применува ваквиот систем во нивните автомобили.

Иако на дел од купувачите можеби ќе им смета овој систем, сепак освен во Германија, низ Европа нема јавни патишта каде може легално да се вози над 180 км/ч, бидејќи повеќето автопати имаат највисоко ограничување од 130 км/ч.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.